Хаотична прва претседателска дебата во САД



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговиот демократски противкандидат, поранешниот Потпретседател Џо Бајден го имаа првото јавно соочување. Првата претседателски ТВ дебата се одржува пет недели пред претседателските избори во Америка кои се закажани за 3 ноември.

Првата дебата била хаотична пренесуваат медиумите, Бајден го нарекол Трамп кловн, расиста и пион на Путин, а Трамп пак на Бајден му упатил серија од навредливи коментари на сметка на неговото семејство. Дебетата ја одбележале чести прекинувања и упаѓања во збор и многу меѓусебни обвинувања.

Кандидатите на првиот дуел дебатираа за пандемијата поради коронавирусот, економијата, Врховниот суд…

ТВ дуелот ја покажал целата поделеност во американското општество. Дебетата е одржана во Кливленд во Охајо, а модератор на дебатата, која според проценките ја следеле околу 100 милиони Американци, бил новинарот од кабелската мрежа „Фокс Њуз“ Крис Валас.

Двајцата противкандидати поради почитувањето на социјалната дистанца не се ракуваа пред ТВ дуелот, кој бил многу „жесток“ и според оценката на коментаторите станал најхаотичната дебата во новата историја на Америка, пренесуваат дел од медиумите.

За време на дебатирањето Трамп и Бајден често се надвикувале, се прекинувале , а водителот имал многу проблеми да воспостави ред .

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×