Учениците да се вратат на онлајн настава, младите веќе не се полесна категорија – Фокус


Учениците пожелно е да се префрлат на онлајн настава бидејќи веќе не е целосно точно дека помладите полесно го прележуваат ковидот, сега и тие може да развијат потешка форма, па и кобни последици, вели во изјава за „Фокус“ доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом-Скопје.

-Можеби онлајн наставата е стресна, но досега требаше да се изнајде решение бидејќи веќе две години живееме со вирусот. Тоа што ги путивме учениците со физичко присуство дозволивме вирусот да мутира и да создава посериозни форми кои го напаѓаат имунитетот, дополнува тој.

Според него дали ќе имаме четврт продолжен или пак петти нов бран многу зависи од процесот на вакцинација.

– Advertisements –


-Кај нас тој процент е 37 отсто, а колективен имунитет се постигнува со примена вакцина кај сите возрасти, а не поделби кај полнолетно или пак население над 60 години, бидејќи на овој начин му дозволуваме на вирусот да се шири и повеќе да мутира, појаснува тој.

Според Мехмедовиќ со новиот бран се очекува бројката двојно или тројно да се зголеми, а со тоа и хоспитализациите и генерално од досегашната пракса дури тогаш да им текне на властите да воведат повеќе рестриктивни мерки, кога болниците ќе бидат преполни, а ние веќе и немаме доволни медицински капацитети .

С.Т.

ИЗВОР. ФОКУС

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×