Унгарија прва во ЕУ ја одобри вакцината Спунтик V



ИЗВОР: АЛФА

Унгарија е првата земја од Европската Унија која ја одобри руската вакцина против коронавирусот, Спутник V. Истовремено  ја одобри и британската вакцина на фармацефтските компании Оксфорд и Астра Зенека.

Фармацевтските власти дадоа привремена дозвола. Владата само сака да ги набави вакцините кои им се дадени на милиони луѓе и за кои природно е утврдено дека се безбедни и ефикасни“, кажа Џула. 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не може да ги укине мерките воведени за спречување на коронавирусот сè додека не се изврши масовна вакцинација на луѓето. Тој нагласи дека најдобриот пристап е да се одобри употребата на неколку различни вакцини против коронавирусот, со цел да се поттикне побрзо производство и испорака на вакцини.

„Не ни требаат објаснувања, туку вакцини. Се надевам дека министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој денес е во Москва за да преговара за вакцините, ќе обезбеди договор за набавка на руската вакцина „спутник В“- рече Орбан.

Според него, кога здравствените работници, старите лица и оние кои работат во првите редови ќе ја примат вакцината, може да започнат разговори за олеснување на мерките.

Од почетокот на кампањата за вакцинација на крајот на декември, Унгарија доби околу 330.000 дози од вакцините на Бионтек/Фајзер и Модерна, кои сега се одобрени во ЕУ.

Унгарија нарача и милион дози од кинеската вакцина на Синофарм и сега се очекува одобрување од унгарските инспектори кои се во моментов во Пекинг. Во Унгарија од почетокот на пандемијата на вирусот починаа  11.700 луѓе.

Викторија Миткова