Уапсен пилот кој со авион сакал да удри во Нотр Дам во Париз – Фокус


Француската полиција го уапси пилотот, кој најави дека со авион-цесна ќе удри во париската катедрала Нотр Дам, пренесуваат француските гласила. Полицијата тврди дека за време на претресот не нашла планови за таква акција. Уапсениот пилот е под психијатриска опсервација.

Поранешниот пилот на патнички авиони беше уапсен во четвртокот во Париз, откако на пријател му најавил дека ќе удри во катедралата Нотр Дам со мал авион.

– Advertisements –


ИЗВОР. ФОКУС