Три доживотни затворски казни, еден ослободен е епилогот од пресудата за “Монструм”



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Доживотен затвор добија избеганите во Косово, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ како и неговиот брат Агим Исмаиловиќ. Тие се прогласени за виновни за делото „тероризам“. За разлика од првата пресуда од пред неколку години со која сите шестмина се гонеа за тероризам и добија доживотни затворски казни, на повтореното судење Кривичниот суд ги осуди Фејзи Азири на петнаесетгодишна казна, а Хаки Азири на 9 години, и двајцата за помагање. За Сами Љута обвинението е повлечено оти немало доволно докази.

-Замислете ги чувствата на децата една минута пред смртта, клекнати на колена. Размислувале ли за семејството, за првите љубови, што се не им прошло низ глава во таа секунда, а тоа било и прашањето зошто ние и што лошо сме сториле, а не сме имале ни време да сториме. Какви се чувствата на родителите, во која психолошка бездна биле тие кога разбрале дека ги нема, како се чувствуваат во долго поминатите денови барајќи правда?, рече судијата Огнен Ставрев.

Обвинителката Фатиме Фетаи оцени дека изречените казни се соодветни, но побара притвор за обвинетите поради опасност од бегство, по што Судот го уважи нејзиното барање.

Обвинетите пред судот порачаа дека се невини, а Фејзи Азири, иако досега немал вакво барање, ги повика обвинителите Јовески и Рускоска да го посетат во затвор за, како што рече, да даде докази за вистинските организатори и извршители на убиствата.

И адвокатите на одбраната се незадоволни од пресудите. Ќе се жалат до Апелација бидејќи сметаат дека обвинетите се осудени без докази. Роднините на обвинетите пак најавија нови протести за во петок.