Трилинг, 10.10.2019

Недела на неизвесности, исчекувања и прогнози.
Холандија реши само Македонија, но не и Албанија. Како ќе реагира францускиот претседател Макрон?
Пред одлуката на ЕУ Самитот во Брисел – што не очекува?
Ќе ја стивнеме ли еуфоричноста од датумот, не дај боже резигнација. Нашите партнери од ЕУ јасно ни ставаат до знаење дека датумот е само почеток на сериозни мачни и деликатни реформи. За очекувањата и за тоа земјата на што треба да се посвети во наредниот период, Симонида Кацарска од Институтот за европски политики.
Северна Македонија веројатно ќе добие датум за преговори. Но во Унијата останува евроскепсата и желбата за проширување кон Западен Балкан.
Во интервју за Трилинг – одговорите од Димитри Димитрос Пападимулис, потпретседател на Европскиот парламент.
Не е првпат во македонскиот плурализам адхог да се формираат нови партии, да се отцепуваат фракции, да се претопуваат кадри од десно кон лево и обратно.
Самиот старт на промотивните каравани на Заев и Мицкоски како да навестуваат главно задржување на сопственото изборачко тело.Идејата на адвокатот Тортевски е преку модерните сајбер комуникации да се формира партијата под име твоја.
Текот на животот е елипса. Патот кон сопствената катарза е цел еден живот. Оваа искрена исповед како да е творечки мотив за академскиот сликар Мирјана Крстева – Мазети.
Магистер по сликарство, со изложби во Њујорк, Париз, Истанбул, соседството.
Живее и создава во Гевгелија. и оттаму тргнува на пат со своите масла. Нели е тоа нашата порта кон Европа. ТВ колумна во домот на Мирјана Крстева Масети.