ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР
За големата борба помеѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури се зборува сè погласно, а додека од таборот на Џошуа тврдат дека само што не е постигнат договор, популарниот „Gipsy king“ ги отфрла сите приказни.
Фјури е јасен, нема да има борби се додека не ги договори финансиските детали, но и датумот на мечот за титулата апсолутен светски шампион.

Не ми е гајле што ќе кажат затоа што нема да има борби се додека нема да имам официјален термин и многу пари во џебот. Ќе се борам двапати оваа година и не ми е гајле кој ќе ми биде ривал.
Дали Џошуа ќе биде следниот ривал? Не верувам во тоа, вели Фјури, додавајќи дека е далеку од какви било подготовки за мечот.
Не тренирам, само одмарам. Пијам осум, десет, 12 пива на ден, не јадам ништо. Сите калории што ги внесувам доаѓаат од алкохол – вели светскиот шампион во ВБЦ верзијата.