ТЕЦ „Неготино“ ќе почне да произведува струја следната недела, експертите велат дека е задоцнето



ИЗВОР: АЛФА

Се полнат складиштата на мазут во ТЕЦ „Неготино“ за стартување на термоцентралата и производство на струја. Комбинатот се очекува да стартува со работа во текот на следната недела, велат Електрани на Македонија. „Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием“, додаваат од таму.

  • ТЕЦ „Неготино“ годинава се вклучува во услови на глобална енергетска криза и енормен раст на цената на електричната енергија, поради кои околности производната цена на оваа термоцентрала, која во нормални околности беше висока, сега е пониска од цената на берзите, објаснуваат од „ЕСМ“.

Првиот човек на „ЕСМ“, Васко Ковачевски, и директорот на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ направија увив во подготовките. Велат дека комбинатот како државна електрана, има статус на ,,ладна резерва” во електро-енергетскиот систем и од страна на вработените постојано се одржува во состојба на готовност.

Енергетските експерти велат дека сето ова е задоцнето. Тие постојано апелирале дека енергетската состојба во земјава не чини, но немло кој да ги чује.

  • Долговите ни се трупаат, а ние одиме во други земји да набавуваме јаглен по енормно високи цени. Се ова што сега се набавува ќе падне на наш грб, мој, твој, негов – нема да е на нивни, зашто тие во Владата, во МЕПСО, во ЕСМ, си земаат високи плати и ич не им чује. А капак на се е кога овие термоцентрали ќе дојде ден да ги купи некој за без пари, и ќе си свирка, а ние ќе си останеме пак во една катастрофална состојба, алармира професорот Константин Димитров за Алфа.

Во меѓу време, министерот за екомија Крешник Бектеши беше во Косово да преговара за испорака на јаглен за непречено работење на РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“. Тој се сретна со неговата колешка од Приштина, Артане Ризваноли, а на средбата било договорено да се потпише Меморандум за разбирање меѓу Македонија и Косово, со кој ќе се обезбедат потребните количини јаглен за производство струја од домашните енергетски капацитети.

Со Косово се преговара за набавка на три милиони тони јаглен годишно за следните пет години. По која цена – барем за сега официјална информација нема.

Борис Грујоски

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×