Талибанците ги ослободија жените од принуден брак – Фокус


Талибанските власти во Авганистан денеска соопштија дека ќе забранат присилни бракови за жени, што се смета за еден од предусловите на меѓународната заедница да ја признае нивната власт и да ја обнови финансиската помош за земјата разурната од војна.

Указот беше издаден од талибанскиот лидер Хибатулах Акунзада, во време на широко распространета сиромаштија во Авганистан, која расте откако талибанците насилно ја презедоа власта во август по повлекувањето на американските и НАТО-трупите.

– Advertisements –

Откако талибанците дојдоа на власт, други земји ја прекинаа финансиската помош за Авганистан, која беше главен столб на економијата на земјата до ова лето.

Во декретот се наведува дека жените и мажите „треба да бидат еднакви“ и оти „никој не може да ги принудува жените да стапат во брак под принуда или притисок“.

Правата на жените значително се подобрија во изминатите две децении, за време на меѓународното присуство во Авганистан, но многумина сметаат дека се загрозени по враќањето на талибанците на власт.

За време на претходното владеење на екстремистичката група, од 1996 до 2001 година, на жените им беше забрането учество во јавниот живот и пристап до образование.

ИЗВОР. ФОКУС

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×