ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР
СЦЕНИ КАКО ОД ПЕКОЛОТ во Калифорнија, во тек се евакуации, пожар им се заканува на илјадници куќи (ФОТО)
Голем шумски пожар што зафати ниска вегетација и дрвја од планините до пустината северозападно од Лос Анџелес, им се заканува на повеќе од 1.000 куќи.

Пожарот се движи со брзина од три километри на час и се заканува на населбата Пирблос во пустината Мохаве откако ја помина падината на долината Антилопа во близина на планините Сан Габриел.

Пожарот што избувна на 6 септември уништи или оштети најмалку 29 куќи и други згради.
Пожарникарите се борат со пожарот недалеку од планината Вилсон над Лос Анџелес.
