Судбината на стотици илјади Пакистанци зависи од брана стара 90 години



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Пакистанската влада, соочена со обилните монсунски дождови кои однесоа повеќе од илјада животи, прогласи вонредна состојба.

Во провинцијата Синд на југот на земјата, по обилните дождови кои паѓаат со недели и предизвикаа невидени поплави, експертите го следат „однесувањето“ на реката Инд. Во реката се влеваат порои од помали реки кои се слеваат по планинската област.

Според податоците на ОН, реката Инд, која потекнува од Тибет и тече низ Индија и Пакистан пред да се влее во Арапското Море, обезбедува 90 отсто од водоснабдувањето на Пакистан, па затоа е исклучително важна за животот на многу жители.

„Сета оваа вода, пороите што се влеваат во реката, нè плашат“, изјави за AFP 42-годишниот Иршад Али, земјоделец кој жали што монсуните ги однеле и уништиле палмите со урми и зеленчуковите градини.

На неколку места, Инд веќе се излеала од своите корита и ако браната Сукур не успее да го контролира протокот на вода, може да следи катастрофа.

Браната е изградена пред 90 години за време на Британската империја. Се сметала за инженерско чудо, бидејќи преку 19 челични врати успеала да испушти 1,4 милиони кубни метри вода во секунда.

Браната ја прераспределува водата во речиси 10.000 километри канали кои носат вода до земјоделските површини, но по години запуштеност, запуштените канали веќе не успеваат да ги прифатат рекордните количества вода.

Денеска инженерите работеле на зајакнување на голем насип на кој што му се заканувало излевање. Водата од Инд веќе навлегла низ улиците на градот Сукур.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×