Студениот бран во Америка направи сцена како од бајките…



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Делови од Нијагарините водопади, на границата помеѓу САД и Канада се замрзнаа во текот на вчерашниот ден откако минатата седмица температурите се спуштија на -18 степени Целзиусови, а студениот бран и натаму е присутен во американската сојузна држава Њујорк и другите делови од САД.

Туристите кои што вчера ги посетиле познатите водопади биле сведоци на сцена од бајките.

Американские медиуми пренесуваат дека иако на некои фотографии се чини дека водата е целосно замрзната, таа никогаш не престанува да тече, а присуство на големи површини на мраз на водопадите е забележано и во текот на 2014-та и 2015-та година.