Средба на Пендаровски со претседателот на Националната пливачка федерација



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Морисон, кој се повлече од лидерската функција во Либералната партија по поразот на општите избори во мај, пред медиумите одговараше на прашања во врска со критиките што на негова адреса ја упатуваа лабуристите, но и негови сопартијци, за неумерено практикување извршни функции без преседан.

„Управував со бродот среде бура“, им рече Морисон на новинарите, потсетувајќи на 2020 година и пандемијата на коронавирусот. „Како премиер, само јас можев вистински да ја разберам тежината на одговорноста и да го понесам товарот врз свои рамења“, рече тој.

Морисон изјави дека тој не ги „презел” министерствата и не се мешал во работата на ниту еден од министрите, освен во еден случај кога одбил проект за гасовод.

Актуелниот премиер Ентони Албанесе рече дека Морисон го нападнал Вестминстерскиот систем на владеење со тоа што тајно се назначил себеси за шеф на пет ресори во 2020-2021 година, вклучувајќи ги внатрешните работи, трезорот, здравството, финансиите и ресурсите.

Тројца од министрите рекоа дека воопшто и не знаеле дека Морисон е „колегата“ што раководи со нивните министерства, се додека тоа не беше обелоденето оваа седмица.

„Фактот што министрите не беа информирани за овие работи е всушност доказ дека не се мешав во нивните активности“, рече Морисон.

Претходно денеска гувернерот Џим Чалмерс го нарече „диктаторско“ однесувањето на Морисон, истакнувајќи дека тест за лидерот на либералната опозиција Питер Датон ќе биде тоа дали Морисон ќе ја задржи функцијата во Парламентот.

Морисон своите постапки уште еднаш ги правдаше велејќи дека овластувањата за вонредни состојби што тој ги презел биле воведени од демократски избран премиер (т.е. од самиот себе) и во согласност со законот./МИА

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×