Со првиот куршум беше готов, со вториот куршум само сакав да бидам сигурен



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

На 12 февруари 2003 година, во Србија, а потоа и во Европа со брзина на светлината одекна веста дека е извршен атентат врз тогашниот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Тој бил застрелан пред Владата на Србија, во моментот кога излегувал од службениот автомобил.

Тој беше бргу пренесен во Ургентниот центар, но подоцна им подлегна на повредите.

Припадниците на единицата за специјални операции, Милорад Улемек Легија, Звездан Јовановиќ и уште десет соучесници во атентатот беа осудени на вкупно 378 години затворска казна, a тоа се случи во мај 2007 година, додека двајцата водачи на Земунскиот клан, Душан Спасојевиќ Шиптар и Миле Луковиќ Кум беа убиени во полициска акција. Сепак, и покрај пресудите за сторителите, политичката позадина на убиството, како и неговите нарачатели, сè уште не е откриена.

На Ѓинѓиќ беше пукано од зградата на Институтот за фотограметрија на улицата Адмирал Гепрат 14. Звездан Јовановиќ, член на единицата за специјални операции на одделот за државна безбедност, пукал од прозорецот на канцеларијата со број 55, кој се наоѓа на вториот кат на зградата.

За време на судењето за атентатот врз премиерот, Звездан Јовановиќ ги објасни последните моменти пред да го испука куршумот:

Јас, Александар Симовиќ и Нинослав Константиновиќ, кој носеше кабли и боја, влеговме во зградата каде се случи пукањето. Јуришиќ го чуваше паркингот пред зградата, и кога ќе дојдевме ние тој ќе се тргнеше на страна. Дојдовме со пасатот управуван од Влада Будала.

Тој ден седнавме во собата и чекавме. Пушев цигари давидов и испушената цигара ја гасев во кутијата во џебот. Можно е некој отпушок да паднал од моја страна. Телефонот беше со Аца и ни пријавија дека доаѓа Ѓинѓиќ. Ставивме шарено ќебе над прозорецот. Седев на стол, цевката излегуваше од прозорецот и тие не можеа да ме видат. Момчето од обезбедувањето прво излезе од автомобилот и ги извади патериците. Излезе Ѓинѓиќ, тој беше чудно свртен, некако од страна, рече Јовановиќ.

Објаснувајќи ги деталите за ова злосторство, Јовановиќ рече дека иако првиот куршум го погодил Ѓинѓиќ, тој испукал уште едно да за да потврди дека го убил.

Првиот куршум го погоди, а јас вториот го испукав за да го потврдам погодокот. Не сакав да го погодам тој човек од обезбедувањето. Немав време да пукам во главата на Ѓинѓиќ. Тој беше засолнет. Не видов каде летаа чаури и ги замолив овие двајца да ја запалат канцеларијата. Ја предадов пушката на Ацо.

Носев пиштол, влеговме во автомобилот и отидовме на предвиденото место, во еден стан над Автокоманда. Почувствував дека сè ќе се открие. Само што ме повикаа на разговор во полицијата, сè ми беше јасно. Убиството ќе беше нерасветлено ако јас го организирав тимот, а не како што беше направено, со ѓубриња и криминалци. Знаев штом Легија ме вовлече со тие кретени, заклучи Јовановиќ.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×