Со изборот на Бучковски владата ја призна грешката со Бујар Османи!?



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Со изборот на Владо Бучковски да биде специјален преставник во Бугарија, или некоја верзија на македонски Метју Нимиц, владата и самиот Зоран Заев ја признаа грешката-сепак министерот за надворешни работи Бугар Османи не е ниту тој политички, а уште помалку дипломатски капацитет, да ги носи на грбот преговорите со Бугарија.

Тоа е едното ниво што се однесува до Османи. Второто е што ДУИ како партија која произлегува од УЧК е сега соочена со самата себе и со опасноста дека дел од командантите на УЧК, а сега високо или највисоко позиционирани во ДУИ, можат да завршат во Хаг. Тоа во овој момент кадрите на ДУИ ги прави многу помалку корисни во меѓународните односи.

Второ, по писмото на заменик помошникот на државниот секретар на САД, Филип Рикер е јасно дека процесот на билатерални преговори со Бугарија ќе биде извлечен од процесот на преговори на Македонија со ЕУ. Затоа тие преговори со Бугарија ќе ги води Бучковски, а преговорите со ЕУ Османи.

И трето, веќе има видлива поделба во Бугарија на проруски и проевропски дел. Во прорускиот дел останува Каракачанов и онаа несреќа од БГНЕС, Љупчо Нешков кој глуми жртва на бугарштината во Македонија, а татко му беше гонет од македонските служби поради сталинизам и русофилств во времето на Информбирото.

Гледате како сега има фино атерирање кај Андреј Ковачев и Екатерина Захариева. Ќе продолжат тие и понатаму да даваат изјави но тој процес на нивно фино атерирање ќе продолжи. Бојко Борисов ќе балансира меѓу тие две групи до изборите и тоа ќе мора да го прави ако сака да ја задржи власта.

И сега се враќаме на Бучковски. Зошто Бучковски а не Љубчо Георгиевски? Од едноставна причина бидејќи Љубчо не можеше да изгради мостови со тој проруски дел во Бугарија. Како ќе успее Бучковски? Преку БСП и Сергеј Станишев поранешниот бугарски премиер кој е сега Претседател на ПЕС или партијата на европските социјалисти каде членува СДСМ. Станишев е роден во поранешниот СССР има руски корени во своето потекло и може да ја амортизира таа проруска политика на Каракачанов во преговорите со Македонија.

Ова е само наш влез во темата, бидејќи таа тема ќе биде многу актуелна наредните недели и месеци.