Софија контра Берлин – рано е за првата меѓувладина конференција за Македонија



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Обвинителката Фатиме Фетаи, пред завршните зборови, се откажа од обвинението против Рангелова, а нема да ги гони ни лицата Милан Андоновски и Борче Богдановски.

Фетаи пред судот објасни дека го повлекува обвинението за Рангелова бидејќи во доказната постапка не се покажала нејзина инволвираност во делото за кое се товари.

– Од изнесените докази не се покажа нејзина инволвираност во делото и од тие причини не опстанува обвинението против неа. За сите обвинети, од изнесените докази се покажа нивната инволвираност, освен Андоновски и Богдановски. Однесувањето на двајцата немаат таков интензитет на насилно однесување и од тие причини се откажувам од гонење против нив, изјави Фетаи.

Од друга страна обвинителката Фетаи побара максимални казни затвор за експремиерот Никола Груевски и поранешниот министер Миле Јанакиески, како поттикнувачите на насилните протести во Општина Центар летото во 2013 година.

– За поттикнувачите немам сомнеж дека треба да биде изречена максимална казна, затоа што предизвикаа такво насилство кое нанесе срам за државата, имаше реакции од амбасади, од меѓународни организации. Неказнивоста за овој настан имплицираше потешки насилства, како што се настаните од 27 април во 2017 година во Собранието, каде што првите двајца обвинети во овој случај се обвинети и таму, рече Фетаи.

Покрај Груевски и Јанакиески, во случајот обвинети остануваат уште пет учесници во протестите. Фетаи за четворица од нив побара затворска казна, додека за лицето Игор Бошковски условна осуда.

Адвокатот по службена должност на Груевски, во својот завршен збор истакна обвинителството во текот на судскиот процес не успеало да докаже одговорност за неговиот клиент и побара од судот да биде донесена ослободителна пресуда. Исто барање има и адвокатот на обвинетиот Александар Трајковски кој рече дека обвинителството не успеало да докаже дека имало елементи на насилство од неговиот клиент.

Во овој случај веќе има три пресуди. Осуден е Мирко Пецев кому му се судеше во одвоена постапка, како и двајца советници во Центар од ВМРО-ДПМНЕ во 2013 кои признаа вина и добија условни казни.

Со тројцата осудени и тројцата за кои денеска се повлече обвинението, во најстариот случај кој во декември 2016 го отвори тогашното СЈО, останаа 7 обвинети.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×