Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави дека е уапсена на антивладиниот протест во Москва, кој се одржа на повик од нејзиниот сопруг.
– Извинете за лошиот квалитет. Многу е слаба светлината во полициското комбе, напиша таа на Инстаграм покрај фотографија, откако илјадници приврзаници на Навални се приклучија на националните протести против Кремљ.
– Advertisements –
Неколку лица се повредени во судири за време на собирот на плошадот „Пушкин“ во Москва, во кој учествуваат најмалку 4.000 приврзаници на Навални, објави РИА Новости.