СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не ја меша СДСМ во своите внатрешните кавги и расколи за раце во медот



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Западот ги премина сите граници во антируската политика, порача Владимир Путин во едно од ретките телевизиски обраќања до нацијата од почетокот на војната пред седум месеци. Се закани дека има помодерно оружје од Нато, вклучително и нуклеарно и дека нема да се колеба да го употреби, ако е неопходно. Објави делумна мобилизација на 300 илјади резервисти, како дел од 25-те милиони со кои располага земјата, а кои треба да заминат на украинскиот фронт. Одлуката стапува на сила веднаш и е прва мобилизација од Втората Светска војна.

-Станува збор за делумна мобилизација, односно повикот за воена служба ќе биде само за оние граѓани кои се во резерва и пред сè за оние кои служеле во вооружените сили, имаат одредени воени специјалности и соодветно искуство, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Одлуката на Путин молскавично се пренесе меѓу Русите, од кои многумина, според странските медиуми, се обидуваат да ја напуштат земјата. Сите авионски билети за денеска се распродадени, а нивните цени драстично пораснале. Портпаролот на Кремљ, Песков одби да одговори дали Русија ќе ги затвори границите за да спречи масовно бегство на воено способни луѓе. Повикот за мобилизација е своевиден одговор на засилената контраофанзива на украинската војска и се случува ден откако четири украински региони, распишаа референдум за присоединување кон Русија. Путин одговори дека ќе ја почитува нивната волја.

-Не можеме и немаме морално право да ги оставиме наши блиски луѓе да бидат распарчени на делчиња од џелатот. Не можеме, а да не одговориме на нивната искрена желба самите да ја одредат својата судбина. Ќе направиме сè за да осигураме безбедни услови за одржување на референдумите. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Украинскиот претседател Зеленски одговори дека да дозволи да биде загрозен нејзиниот суверенитет.

-Нашата позиција не е променета поради некоја „врева“ или некаква објава. Ја имаме целосно поддршката на нашите партнери. Ќе го зачуваме единството, ќе ја одбраниме Украина и ќе ја ослободиме нашата земја. , рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Референдумското изјаснување за отцепување од Украина почнува во петок и ќе трае пет дена. За припојување кон Русија ќе гласаат жителите на Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон. Ако се остварат плановите на проруските сили, по урнекот на анектираниот Крим, Украина се соочува да загуби околу 15 проценти од територијата, односно 90 илјади квадратни километри, каде според проценките, живеат околу 9 милиони луѓе.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×