Руски доктор: Имунитет се создава 45 дена по вакцинацијата



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Азалија била гостинка во една австралиска радио станица каде зборувала за нејзината љубов кон коските и човечката анатомија.

За време на разговорот, таа им открила на водителите на шоуто, Кајл Сандилендс и Џеки О, дека е сопственик на черепот на шестгодишно девојче, што го купила преку Интернет.

„Ако ги проверите картичката и возачката дозвола, ако сте донатор на органи, не земаат само здраво срце или црн дроб, туку имаат право на секој дел од телото и некои од нив ги продаваат, на пример черепи, како овој “, рече пејачката, покажувајќи го черепот.

Шокирани од она што го виделе и слушнале, домаќините ја прашале зошто има череп на дете во нејзиниот дом.

“Ова е череп на шестгодишно девојче кое починало од траума на главата. Обожавам коски. Го почитувам задгробниот живот. Мислам дека коските се место каде човек ја задржува енергијата”, рече Азалија.

Пејачката гостувала во емисијата за да ги демантира гласините кои кружат на Интернет дека ја изела својата мртва мачка.

Таа објасни дека мачката Луцифер се борела со проблеми со бубрезите многу години, по што починала од лоша исхрана.И откако ја закопала мачката, Азалија рекла дека решила да ја ископа и да го зачува черепот.

“Јас не јадам мачки. Не би јадела мачка која е мртва веќе три месеци”, заклучила Азалија.