Ремек делото на Ван Гог конечно на аукција, сликата беше купена од Ротшилд, заврши во бункер, сега чини 30 милиони долари



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

За време на престојот во Арл, сликарот бил маѓепсан од пасторалниот начин на живот. Акварелот е едно од неколкуте негови дела, што ги насликал на тема жетва, во тој период.
Акварел со тема жетва, наречен Купишта пченица, прикажува жени кои работат на нива во Арл, Франција, пишува Си -Ен -Ен.
Ван Гог сликал го насликал акварелот во 1888 година, кога се повлекол во село во Франција поради лошата здравствена состојба.

Во каталогот на аукциската куќа Кристи се наведува дека сликата ја покажува опсесијата на Ван Гог со јапонската уметност. Се вели дека сликата првично му припаѓала на братот на Ван Гог, Тео, а подоцна добила нов сопственик, еврејскиот индустријалец, Макс Меировски, кој ја купил сликата во 1913 година.
Соочен со антисемитски прогон во Германија, Меировски бил принуден да ја напушти земјата и сликата му ја доверил на Германец кој тргувал со уметнички дела во Париз.
Сликата потоа станува сопственост на Миријам Каролина Алекадрин де Ротшилд, која побегнала во Швајцарија по избувнувањето на Втората светска војна.

За време на војната, Германците ја oграбија колекцијата на Ротшилд, која ја вклучуваше и сликата Купишта пченица. Таа беше пренесена во Националната галерија Же де Пом во Париз во 1941 година, каде што нацистите ги чуваа делата што ги сметаа за дегенерирани.
Сликата потоа заврши во замокот Шлос Когл во Австрија, кога се најде во неименувана приватна колекција.
Семејството Ротшилд се обиде да го поврати изгубената слика по падот на нацистичкиот режим, но тоа не им успеа.

Сликата е купена во 1978 година од колекционерот Едвард Лохриџ Кокс, нафтен магнат од Тексас, кој ги сакал импресионистите.
Акварелот на Ван Гог е дел од поголема колекција на дела на Кристи, а вклучува и слики од други познати уметници, како Сезан и Моне.
Купишта пченица последен пат беше видена во јавноста во 1905 година кога беше изложена во поширока ретроспектива на сликите на Ван во музејот Штеделијк во Амстердам.
Уметничките дела ограбени од нацистите во последниве години беа во центарот на неколку сопственички спорови.

Навигација на напис