Рангелова е олободена, Груевски избега, остана Миле да биде виновен – Фокус


Ако имав вина, ниту јас, ниту моето семејство немаше да може да го издржиме овој притисок со кој се соочуваме повеќе години наназад. Ќе признаев и ќе се молев за помала казна. Но, бидејќи јас немам никаква вина, стојам исправен пред вас, пред целата јавност, за да докажам дека немам никаква улога во овој немил настан, рече поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески во завршните зборови за случајот „Шамари во Центар“.

Тој тврди дека неговото име не е споменато ниту во доказите, ниту во исказите на сведоците дека тој поттикнал некого да изврши кривично делот насилство.

-Рангелова е ослободена, Лазаров призна вина, Груевски си замина и што останува? Миле Јанакиески да биде огласен за виновен за некој да може да поентира дека победила правдата, рече Јанакиески.

Според него, уште еден доказ дека нема докази е и тоа што во многуте прислушувани разговори, во судот не биле презентирани докази од овие разговори за овој настан.

-Уште една потврда дека обвинителството нема докази против мене е и самиот факт што незаконски сум прислушуван цели 7 години и за мене постојат над 80.000 разговори согласно информациите добиени од СЈО, па доколку за овој настан имаше аудио записи или СМС порака каде преземам дејствија утврдени во обвинителниот предлог, зарем истите немаше да бидат презентирани во текот на расправата?, рече Јанакиески.

Според обвинението, Јанакиески се товари за поттикнување на насилството на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

ИЗВОР. ФОКУС

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×