Рамуш Харадинај отруен!?



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Претседателот на Сојузот за иднината на Косово и поранешен косовски премиер, Рамуш Харадинај, рече дека и тој е меѓу отруените во Дечани.

Харадинај изјави дека има поблаги симптоми на труење и посочи дека симптомите на труење на неговата сестра Антифона и нејзините деца се многу посилни.

Да бидам искрен, имав симптоми на труење, но тие не беа големи симптоми. Децата на сестра ми Антифона и многу од моите роднини имаа посилни симптоми на труење, рече Харадинај, како што пренесуват Репортери.

Според него, состојбата во Дечани се смирува.

Бројот на оние кои бараат медицинска помош е намален, што дава надеж дека оваа состојба ќе престане. Сосема чудна и невообичаена ситуација. Особено првите два дена беа тешки. Видов луѓе кои страдаат и беше особено болно да гледам деца како страдаат, рече Харадинај.