Пукотници во Призрен, убиен напаѓачот кој пукал кон полицајците



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Американската вселенска агенција НАСА објави планови во вредност од 28 милијарди долари за враќање на Месечината до 2024 година – и првата жена-астронаут ќе биде вклучена во таа мисија.

Но, овој распоред е условен од фактот дека сè уште не е познато кога Конгресот ќе одобри 3,2 милијарди долари за изградба на системот за слетување.

Астронаутите ќе патуваат со вселенското летало „Орион“, капсула која личи на „Аполо“ и треба да биде прикачена на моќната ракета СЛС.

“Сумата од 28 милијарди долари ги претставува трошоците поврзани со нашите активности и програмата Артемида за слетување на Месечината во следните четири години. Има пари за SLS, за Орион, системот за слетување луѓе и, се разбира, вселенски костуми “, рече Џим Брајденштајн, првиот човек на НАСА.

„Овој план бара Сенатот да одобри буџет од 3,2 милијарди американски долари за изградба на систем за слетување на луѓето следната година. Тоа е од суштинско значење“, додаде тој.

Претставничкиот дом на САД веќе донесе закон со кој се предвидени 600 милиони долари за изградба на леталото, но НАСА мора да добие повеќе пари за да го заврши тој проект.

Во јули 2019 година, Брајденштајн за Си-Ен-Ен изјави дека првата жена на Месечината во 2024 година ќе биде личност која „се докажа, веќе леташе и остана на Меѓународната вселенска станица“.

По тој повод, Брајденштајн додаде дека тоа ќе биде некој што веќе е дел од вселенските единици.

За време на интервјуто, НАСА имала 12 жени-астронаути. Во меѓувреме, се приклучиле уште пет, кои дипломирале оваа година.

Останува нејасно дали некоја од нив може да ги исполни критериумите и да лета на првата мисија на Месечината во 2024 година.

Во последната генерација астронаути имало шест жени – пет од НАСА и една од Канадската вселенска агенција.

Запрашан за распоредот за избор на членови на мисијата Артемида, шефот на НАСА рече дека се надева дека тие ќе бидат избрани две години порано.

„Важно е да започнеме да собираме тим за оваа мисија што е можно побрзо“, рече тој.

Со испраќање на тимот повторно на Месечината, Белата куќа сака да ја засили Америка како лидер во вселенската трка.НАСА, исто така, планира да собере вредни наслаги на замрзната вода од лунарниот јужен пол. Тие може да се користат за производство на ракетно гориво на Месечината – по пониска цена отколку да се донесени од Земјата.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×