Продолжува дебатата за Законот за државјанство во вжештена атмосфера



ИЗВОР: АЛФА

Законот за државјанство ги скара пратениците и на собраниската комисија за европски прашања. Текстот на законот за кој мнозинството изгласа да биде донесен по скратена постапка и со европско знаменце се сопна на комисиска расправа. И покрај бурните реакции на опозицијата дека носењето на законот е противуставно, сепак беше изгласан дневниот ред со што почна да тече законскиот рок од два дена за расправа. За ВМРО-ДПМНЕ е спорно што како предлагач на законот освен надлежното министерство за внатрешни работи, како потписник се јавува и министерот за финансии.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност од надлежните институции кои не го спроведуваат постоечкиот закон за државјанство, но за сметка на тоа дозволува криминални структури од светот незаконски да добијат македонско државјанство.

За Алијанса за Албанците пак интересот за донесувањето на овој закон не бил етнички. Законот не бил за да се зголемел бројот на Албанците во државата, туку за оние кои со децении чекале македонско државјанство. 

До Комисијата за европски прашања се поднесени 1000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но треба да добијат зелено светло и од спикерот Џафери.

Ивана Соколовиќ Најдова