Пристигнува iPhone 12 mini – Во Центар



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Во претходните извештаи е наведено дека во новата серија ќе има три модели: iPhone 12, iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max, а сега се појави информацијата дека пристигнува уште еден модел под назив iPhone 12 mini.

На Twitter се појавија информации дека четвртиот член ќе има екран од 5,4 инчи, малку поголем од iPhone SE.

Се очекува дека iPhone 12 и 12 Pro ќе имаат екран од 6,1 инч, а iPhone 12 Pro Max ќе има екран од 6,7 инчи. Се шпекулира дека iPhone 12 mini ќе има две задни камери, а останатите модели ќе имаат три.

Ознаката „mini“ не е новитет помеѓу уредите на Apple бидејќи веќе ги видовме моделите iPad Mini, Mac mini и iPod mni.

Ако гласините се вистинити, iPhone 12 mini ќе биде помал од iPhone 11 Pro Max од 2019 година кој имаше екран од 5,8 инчи.

Се очекува дека новата серија iPhone 12 ќе има екран со фреквенција на освежување од 60 Hz.

Познато е дека новата серија ќе го има новиот LiDAR сензор, пишува TechRadar.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×