Прислушкуваните разговори на српскиот претседател ги продавале на криминални кланови и странци!? На Вучиќ му се случува македонско сценарио со жолти комбиња



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Работната група на српското Министерството за внатрешни работи утврдила дека имало незаконско прислушување на претседателот, но прашање е каде завршија тие материјали и прислушкувани разговори.

Безбедносните експерти не исклучуваат ниту продажба на тие информации. Бидејќи работната група на Министерството за внатрешни работи, по наредба на Обвинителството за организиран криминал, собра докази кои покажуваат дека имало незаконско прислушување на српскиот претседател Александар Вучиќ и неговото семејство од страна на полицијата, се поставува прашањето каков интерес имала таа група која го организирала прислушкувањето на шефот на државата.

Мотив може да биде и продажба на информации на криминални кланови и странски држави и служби, бидејќи деталите од разговорот на претседателот со членовите на семејството или соработниците претставуваат капитални информации, чија цена е огромна.

Српската полицијата испраша околу 50 лица во врска со аферата со прислушувањето на претседателот, вклучувајќи ги поранешниот државен секретар на Министерството за внатрешни работи Дијана Хркаловиќ и Дејан Миленковиќ Багзи, поранешен шеф на Службата за специјални методи на истрага на УКП.

Хркаловиќ, како највисоко рангирана меѓу испитаниците, исто така беше испратена на полиграф. Прво го прифатила испитувањето на полиграф и, како што пишуваат медиумите, буквално во моментот кога требаше да биде поврзана со уредот, таа рече дека се предомислила и одбила ваков вид на испитување.

Марко Ницовиќ, поранешен директор на белградската полиција, вели дека може да се продадат информации од прислушувани разговори на некое лице, и дека нивната цена зависи од важноста на лицето што го слушале.

Информацијата вреди исто колку што вреди тоа лице кое било прислушувано. Секако, најскапа е информацијата за претседател на една земја, тогаш тоа се капитални информации. Која е цената која за тоа се плаќа? Нема лимит, смета тој. Заинтересираната страна ќе плати за такво нешто колку што е потребно, вели Ницовиќ и додава:

Со прислушување на таква личност, можете да ги дознаете констелациите на односите во една држава, да видите со кого разговара таа личност, кој е важен, за што зборуваат. Потоа, односите во партијата, кои се клановите, кој е важен во таа хиерархија. Ако располагате со такви информации, тогаш знаете како да постапите, да одлучите. Тоа е огромна предност, вели тој.

Како и да е на Србија и на Вучиќ полека му се случува македонското сценарио со бомбите. Сега како предупредување, но времето може са сервира и други сценарија.