ПО БЕСПРЕКОРНИОТ СТАРТ ВАРДАР УТРЕ ГО ДОЧЕКУВА МОНПЕЉЕ ВО 4. ДУЕЛ ОД РАКОМЕТНАТА ЛШ



ИЗВОР: АЛФА

Екипата на Монпеље допатува во нашиот главен град за утре да му биде противник на Вардар во средба од четвртото коло во Лигата на шампионите. Црвено црните се безмалку беспрекорни на стартот и по нерешеното кај Елверум и триумфите со Брест и Алборг во Скопје сме колидери во А групата. Французите се далеку од нас, но во Јане Сандански доаѓаат по извонредна победа над Кил. Мечот Вардар-Монпеље е утре од 20.45.