Починатите од Ковид нема да се погребуваат во лимен сандак



ИЗВОР: АЛФА

Зошто цело време починатите со Ковид-19 се погребуваат во лимени сандаци иако никаде во протоколот Кoмисијата за заразни болести нема наведено таква препорака ? Пo десет месеци Владата дури вчера по заклучок од комисијата утврди дека не е правно нормирано починатото лице да биде во затворен  и залемен лимен сандак. Граѓаните гневно коментираат дека тоа е  класичен грабеж, а семејствата ем остануваат без најблиските, ем се задолжуваат до гуша..На социјалните мрежи имаше и апели за собирање на средства од околу 700 евра наменети за погреби, а од струмичката болница беше украдено и тело на починат..

Анкета: Ем без човек,ем без пари. Уште пожално е што семејството не може за последен пат да го види починатиот бидејќи не може да се отвори лимениот сандак. Многу пари е тоа. Слушв реакции на телевизија дека многу ги чинело семејствата за погреб. Треба некој да сноси одговорност. Во лимен сандак се погребуваат само лица кои се починати во странство- коментираат граѓаните на Штип.

Во септември Алфа ја актуелизираше оваа тема, откако од штипскиот Џамиски одбор тогаш информираа дека склучиле договор со погреблен оператор и наместо во лимен,починатите со Ковид ќе ги погребуваат во обични сандаци.

  • Вчера склучивме усмен договор и одма имавме смртен случај. Операторот покојникот починат од ковид 19 го транспортираше до радовиш за 12.000денари. Инаку другите ни бараа 600евра и плус транспорт до Радовиш 70, значи околу 670 евра„ – изјави Џевџет Зејнелов-мутавелија на Џамиски одбор за Штип

Во тој период се до крадјот на септември  сумата за основниот и најефтин пакет за погреб на починат со КОвид, вклучувајки го транспортот, ковчегот и дезинфецирањето на превозното средство, чини од 30.000 до 35.000денари. Тогаш реагираа и од Здружението на оператори за погребални услуги укажувајки дека во Скопје вакви услугии може да врши Бутел, но не и тие…

Александра Ристевска