Повлечена е меѓународната потерница за Мијалков


Неколку часа откако поранешниот директор на УБК се појави во Обвинителството за организиран криминал, од сајтот на МВР е повлечена меѓународната потерница против него.

МВР вчера прво објави национална, а потоа и меѓународна потерница Мијалков.

Тој денеска сам се пријави во Обвинителството, по дводневна потрага по него.

ИЗВОР. ФОКУС