Повеќе од 200 милиони луѓе ќе останат без својот дом. Тие ќе лутаат низ светот како климатски мигранти. Шокантна анализа на Светската банка



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Повеќе од 200 милиони луѓе можат да останат или да го напуштат својот дом. Последици од глобалното затоплување може да бидат застрашувачки за наредните три децении.

Во најдоброто сценарио кое предвидува ниско ниво на емисија на штетни гасови и контролиран развој, бројот на мигранти може да биде и до 80 отсто помал но во крајна инстанца тоа сепак би резултирало со иселување на повеќе од 44 милиони луѓе.

Климатските промени би можеле да принудат повеќе од 200 милиони луѓе да ги напуштат своите домови и да бараат нови места за живот, доколку во наредните три децении не се превземат конкретни мерки за спречување на глобалното затоплување како и зголемента емисија на штетни гасови, предупредува Светската банка.

Во најновиот извештај на Светската банка, кој е наречен Граундсвел, според истоимената невладина агенција која се бори за користење на чиста енергија и смалување на глобалното загадување, се предвидува дека до 2050 година климатските промени и останатите придружни феномени, како што е недостигот на вода, смалување на количините на посевите и зголемување на нивото на морињата, би можеле да доведат до феномен кој се нарекува климатски мигранти, пренесува АП.

Понудени се три можни сценарија, а според најпесимисничното се предвидува дека околу 216 милиони луѓе ќе се движат и бараат нов дом во рамките на шест региони кои се истражувани, а тоа се Латинска Америка, Северна Африка, Подсахарска Африка, Источна Европа, Централна Азија, Јужна Азија и Источна Азија и Пацификот.

Во најповолното сценарио, кое предвидува пониско ниво на емисија на штетни гасови и одржлив развој, бројот на мигранти би можел да биде и до 80 отсто помал, но во крајна линија би резултирал со одселување на 44 милиони луѓе.