Пендаровски посетува цркви и македонски друштва во Малме



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Која алиби политика спроведуваат дел од македонските функционери. Чекаа да заврши пописот во државвата и дури потоа да почнат да ги посетуваат македонските друштва во дијаспората.
Медиумите објавија дека шефот на државата, Срево Пендаровски вчера во Малме, во рамките на својата посета на Шведска, ја посетил македонската православна црква Свети Наум Охридски и имал разговори со претставниците на македонските друштва во Малме.

Пред десет дена, директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски имаше работна посета и средби со македонските друштва во Хрватска и Словенија. И тој замина на турнеја “четири скокалници” по звршувањето на пописот. Дотолку повеќе што очекувавме Близнаковски, кој е деклаиран како благо надежен Блгарин да каже барем пола збор на нападите од Софија за дискриминацијата на Бугарите во Макдонија. Да видиме како може луѓе со пробугарски чуства да бидат на важни функции во државата а Софија како папагал да повторува дека Бугарите се дискриминирани.
Башка, никој од МПЦ, или како што милуваат да се нарекуваат, светилникот на македонштината не најде за потребно да оди на некоја турнеја во дијаспората и да лобира кај Македонците да се попишат на пописот.

Сега се сетија после свадба да има тапани. А токму во дијаспората пописот доживеа неуспех, бидејќи македонската дијаспора во Канада, Америка и Австралија масовно не се попишуваше.
За разлика од нив, министерот за надворешни работи Бујар Османи и првиот вицепремиер, Артан Груби скинаа патики од шетање по регионот и Европа да лобираат и да ја “попишуваат” албанската дијаспора. Дури јавна тајна е дека целата операција на нивно попишување беше водена од Скопје од кабинетот на Груби.
Пописот во дијаспората не беше прекинат и траеше шест месеци и кога видоа дека дијаспората не се попишува најмалку што можеа да направат беше да ја посетат дијаспората, додека траеше пописот, и да ја убедат дека со непопишување се нанесува штета на македонските национални интереси, а тие дозволија разни удбашки ициња да им водат анти кампања меѓу македонската дијаспора.

Навигација на напис