Папата го осуди машкиот шовинизам: Жените се дар



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Ова Папата им го кажа на новинарите во авионот со кој се враќаше во Рим по четиридневното патување во Бахреин.

„Забележав дека секогаш кога една жена добива позиција во Ватикан, работите се подобруваат“, рече тој.

Франциск беше прашан за жените кои ги водат протестите во Иран, но тој не одговори на тоа прашање, туку се фокусираше на улогата на жената воопшто.

Кога зборуваше за жените на кои им доделил одговорни улоги, ја спомна сестра Рафаела Петрини, заменик-гувернерот на Ватикан и најмоќната жена во градот-држава, задолжена за околу 2.000 вработени.

Тој, исто така, ги именуваше петте жени што ги назначил во одделот за надгледување на финансиите на Ватикан.

„Ова е револуција бидејќи жените знаат како да го најдат вистинскиот пат напред“, рече тој.

Франциск го осуди машкиот шовинизам, нагласувајќи дека сè уште има премногу од него во светот, вклучително и во неговата родна Аргентина.

„Жените се дар. Бог не го создал мажот и му дал кученце со кое може да си игра. Тој ги создал мажот и жената“, рече тој и додаде дека општеството кое не е способно да им дозволи на жените да имаат поголеми улоги не оди напред, пренесе Индекс.хр.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×