Охрид има рок од две години да ги исполни препораките на УНЕСКО



ИЗВОР: АЛФА

И покрај препораката Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации, Охрид да се најде списокот на свестско наследство во опасност,на 44-та сесија на Комитетот за светско наследство,во Кина незивесно е дали Охридскиот регион ќе добие две години рок да ги исполни препораките на УНЕСКО и да избегне поместување на Листата светско наследство во опасност. И покрај силните аргиенти на советодавните тела на Унеско,дека регионот е под постојан притисок,расправата беше прекината по претставувањето на Амандманот од Босна и Херцеговина, во кој се бара на државите (Македонија и Албанија) да им се остави уште две години време за спроведување на препораките.

Приоротените препораките кои произлегоа од мониторинг мисијата од април 2019-та во период од две години не успеаа да се имплементираат,што го доведе регионот во потенцијална опасност да биде ставен на списокот на светско наследство во опасност.И покрај напорите многу од препораките на Комитетот кои датираат од 2017-та не се имплементирани ,некои само делумно а некои не се ни почнати-рече претставник на УНЕСКО.

И најголемата меѓународна мрежа за заштита на природата и независно експертско советодавно тело на Центарот за светско наследство, IUCN препорачува охридскиот регион да се прогласи за светско наследство во опасност,образложувајќи дека охридскиот регион се соочува со сериозни закани.

  • Некоординираниот развој со децении наназад доведе до  деградацијата на универзални вредности на регионот нарушувајќи ја неговата афтентичност.Несоодветната експлоатација на крајбржјето предизвика нарушување на целиот екосистем.Поради ова ИКОМОС смета дека регионот треба да биде ставен на листата на загрозени подрачја-рече претставик на ИКОМОС.

Членовите на 44 сесија на комитетот за светско наследство најавија дека ќе ја донесат одлуката по разгледување на Амандманот од Босна и Херцеговина.  Предлогот на БиХ наиде на негодување кај дел од делегатите, поради немање конзенсуз одложено беше донесувањето на конечната одлука за статусот на Охридскиот регион. Истата се очекува да биде донесена по дополнителни консултации кои се во тек.

Министерката за култура Ирена Стефоска која е и претседарел на Националната комисија на Унеско истакна дека државава останува посветена на зачувување на културното и историското наследство  и побара дополнително време за да се реализираат препораките.

Росица Голабоска