Откриени насади со марихуана, приведени татко и син од Кавадарци



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Полицијата откри насади со марихуана кај местото Јаворица, а притворени се татко и син кои се осомничени дека ги насадиле стеблата.

Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори итрага против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, поради основано сомнение неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи. „Во координирана акција и извршен претрес, на 28 септември, во планински предел кај место викано Јаворица во близина на викенд куќа во сопственост на осомничените, пронајдени се 65 стебла од растението Канабис Сатива.

Осомничените, татко и син, неовластено заради продажба го произведувале растението, за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите“, соопшти Обвинителството. При претресот, пронајдено е и оружје кое осомничените неовластено го држеле и тоа 8 патрони за ловечка пушка, 38 куршуми калибар 7,9 мм и затворач за пушка М-48 и ловечка пушка марка Црвена Застава Крагуевка со калибар 12мм. Судот им определи притвор на осомничените од по 30 дена.​

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×