Опозицијата го повика Пендаровски да не го потпишува Законот за попис, ќе се користат сите механизми тој да не се одржи



ИЗВОР: АЛФА

Опозицијата ќе ги користи сите институционални механизми за да го спречи одржувањето на пописот.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека операцијата која треба да биде статистичка е крајно исполитиизирана. Сметаат дека Македонија има капацитет за електронско пребројување и попис кој ќе ги пркаже вистинските демографски карактеристики. Го повикуваат и претседателот Пендаровски да не го потпише Законот.

“Овој попис е крајно е политизиран и е само еден  од заклучоците води кон тоа, е да статистичка а не политичка операција. Добро зошто е потребен двоен потпис за да се потврди една статистичка операција? Значи очигледно имаме крајно политизирање на процесот. Во овие први моменти наша обврска е да се обидеме да ги искористиме сите институционални механизми да го спречиме овој попис”, изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера пак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за Алфа истакна дека партијата ќе отпочне со собирање на 10 000 потписи за поништување на Законот за попис откако тој ќе биде објавен во службен весник. Граѓаните според него имаат право да одлучат дали ќе им отврат врата на попишувачите, а власта веќе ги има договорено процентите за пописот.

За СДСМ потезите на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за деструктивно и антидржавно однесување .

“Се надеваме дека во наредниот период ќе ги преиспитаат своите одлуки околу собирањето на потписи заради тоа што деструктивното однесување и повикувањето за непочитување на законот за попис којшто е од исклучителна важност за нашата држава и за креирањето на понатамошните политики особено во однос на економијата”, изјави Марија Георгиевска од СДСМ.

Од кабинетот на претседателот Пендаровски не откриваат дали тој ќе го потпише Законот за попис. Велат дека се консултира со правни експерти и деноививе ќе го соопшти неговиот став. До сега Пендаровски изјавуваше дека на Македонија и е потребен попис, но без политичко мешање и со гаранции дека резултатите од пописот нема да бидат причина за укинување на некои веќе стекнати права.

Пописот треба да се сптроведе од 1 до 21 Април.

Градимир Марковски