Озонската дупка стана поголема од еден цел континет. Научниците се загрижени, расте многу побрзо од тоа што очекувавме



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Озонската дупка што секоја година се формира над Јужниот пол сега е поголема од Антарктикот, објавија научниците од Службата за мониторинг на атмосферата , Коперникус на Европската унија.
Според Коперникус, големината на озонската дупка над Јужниот пол обично достигнува максимум помеѓу средината на септември и средината на октомври. Откако „значително порасна“, во текот на минатата недела, дупката сега е поголема од континентот над кој се извишува.

Оваа година, озонската дупка се разви како што се очекуваше на почетокот на сезоната. Но, сега нашите прогнози покажуваат дека дупката се развива во многу поголема од тоа што е вообичаено, изјави директорот на Коперникус, Винсент-Анри Пеуч.
Коперникус го следи озонскиот слој користејќи компјутерско моделирање и сателитски снимки. Иако озонската обвивка покажува знаци на закрепнување, Коперникус вели дека нема целосно да се опорави до 2060 -тите или 2070 -тите години, пишува Си -Ен -Ен.

Навигација на напис