Новиот вид на коронавирус е можеби за 30 отсто посмртоносен



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Раните докази покажуваат дека новата варијација на коронавирусот што потекнува од Велика Британија може да биде посмртоносна, изјави британскиот премиер Борис Џонсон итно организираната прес конференција.

Податоците беа собрани од научници од Групата за следење на заканите од нови и растечки респираторни вируси, а Владата ги разгледа.

Сепак, сите докази се уште се во прелиминарна фаза.

Досега спроведените студии покажуваат дека овој вирус се шири далеку побрзо од претходно познатата верзија.

Новата мутација за прв пат е забележана во Кент во септември. Оттогаш, таа стана најдоминантната варијација на вирусот корона во Англија и Северна Ирска, од каде се прошири во други 50 земји.

Борис Џонсон исто така наведува:

Покрај побрзата застапеност, новата верзија на британскиот вид коронавирус, прват забележана во Лондон, може да има поголема стапка на смртност.

Новиот вид има силно влијание врз Националниот здравствен систем и овој пат притисокот е уште поинтензивен!

Доказите доаѓаат од математичари и аналитичари кои го следат растечкиот број на болни и мртви во однос на стариот и новиот сој.

Новиот вид на вирус, според податоците, се покажува дека е 30 отсто повеќе смртоносен.

Како пример, ако 1.000 60-годишници се разболеа од стариот вид, се очекуваше дека десет ќе умрат, а кога станува збор за новиот вид на Коронавирус, тој број ќе се зголеми на 13.