Нова сезона со стари проблеми – Попова Шапка сеуште чека сериозни инвестиции



ИЗВОР: АЛФА

Нова сезона со стари проблеми.Попова шапка  сеуште чека сериозни инвестиции за да и се врати сјајот и да стане конкурентна на останатите зимски центри.Надлежните се пофалија со подобрувања во инфраструктурата,но, главните проблеми, остануваат нерешени.Шапка доби јавни тоалети, две нови бачила и осветлување на стазата Аеродром.Но, нема решение за паркингот,сметот,вештачки снег, реконструкција на хотелите, профункционирање на жичарата,која не работи со години.

Скијачката сезона на Попова Шапка започнува на 15 декември,а првите два дена ќе бидат бесплатни. Хотелиерите се надеваат на добра сезона,што ја навестува и снегот кој веќе го обели центарот.Сепак,повеќе туристи велат, ќе има само со поголеми инвестиции .

Попова шапка има огромен потенцијал, ја има убавината и природата,едни од најрепрезентативните стази за скијање, но, некој треба да има волја тоа да го искористи,коментираат туристите.

Неколку години не се одржува ниту Шарпланинскиот куп,најстарото меѓународно натпреварување на Балканот, кој собираше врвни скијачки имиња.Големите планови за Попова Шапка, изминатиов период се само ветувања и проекти на хартија.Оваа заспана убавица,веќе долго чека да блесне со сиот свој сјај.  

Mилена Вучевска

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×