Не 50, туку 97 странски градежни работници приведени поради нерегулиран престој


Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР спроведоа контрола на градежни објекти на фирма од Република Турција помеѓу бул.„Кирил и Методиј“ и ул.„Јордан Мијалков“ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати 97 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР наведоа дека лицата биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

– Advertisements –

Исто така, како што посочија од МВР, соодветни пријави ќе бидат поднесени и против фирмата како и против 15 други фирми-подизведувачи.

ИЗВОР. ФОКУС