Непознато лице влезе во црквата, дојде до местото каде британскиот пратеник држеше говор и го избоде до смрт: Детали за нападот (видео)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Британскиот конзервативен пратеник Дејвид Емес (69) е неколку пати прободен со нож во црква во Велика Британија. Тој почина неколку часа подоцна.
Скај њуз пренесува дека непознат маж влегол во црквата каде што Емес разговарал со своите избирачи и му нанел повеќе убоди од нож. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и ги затворила околните патишта. Веднаш пристигнала и хеликоптерска итна помош.

Полицијата во Есекс набргу по нападот објави дека е уапсен непознат маж осомничен за убиство. Полицијата додаде дека веќе не се трага по ниту едно друго лице.
Дејвид Емес, кој го претставува Саутенд Вест во Есекс, беше нападнат околу пладне по локално време во методистичката црква Белфаерс.
Британските медиуми пишуваат дека Емес бил нападната за време на состанокот со гласачите. Тие додаваат дека напаѓачот влегол во црквата во последниот час од таа средба и ја прободел Амеса неколку пати.

Conservative MP Sir David Amess stabbed while holding constituency meeting in Leigh-on-Sea, UK, local councillors confirm https://t.co/ErUc7jHzaU— BBC Breaking News (@BBCBreaking) October 15, 2021

Скај њуз објави, повикувајќи се на изјави на сведоци, дека персоналот на брзата помош се обидел да го спаси прободениот пратеник во црквата каде што се случил нападот, но безуспешно.
Емес на 12 октомври најави состанок со гласачите на својот Твитер профил.

My next constituency surgery will be taking place on Friday 15th October at Belfairs Methodist Church, 251 Eastwood Road North, Leigh-on-Sea, SS9 4NG. To book an appointment please email [email protected] or call 020 7219 3452 pic.twitter.com/aHhxWPrXXi— Sir David Amess MP (@amessd_southend) October 12, 2021

Тој за првпат беше избран во парламентот во 1983 година за да го претставува Басилдон, а во 1997 година се кандидираше за избори во Саутенд Вест.
Нападот врз Емес потсети на настанот од 2010 година кога пратеникот од Лабуристичката партија Стивен Тимс преживеа напад со нож во неговата канцеларија, но и од 2016 година кога пратеникот од Лабуристичката партија Џо Кокс беше убиен само неколку дена пред референдумот за Брегзит.

Навигација на напис