Нема спас од ЕУ бирократијата: Хозе Мануел Баросо си најде нова работа кај Бил Гејтс: Поранешниот шеф на ЕК ќе ги троши парите за вакцина притив ковид-19!



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Поранешниот претседател на Европската комисија Хозе Мануел Баросо ќе биде претседател на Алијансата Гави, која го надгледува системот на ООН за глобален пристап до вакцината ковид-19.

Управниот совет, во кој членуваат УНИЦЕФ, Светската здравствена организација (СЗО), Светска банка и Фондот Бил и Мелинда Гејтс, едногласно го потврди изборот на поранешниот премиер на Португалија (2002-2004), кој беше на чело на Европската комисија десет години, од 2004 до 2014 година, а потоа работеше за инвестициската банка Голдман Сакс.

На светот му треба Гави повеќе од кога било, и за да осигури дека вакцината„ ковид-19 “ќе ги достигне сите земји, богати и сиромашни, и да ја продолжи својата главна мисија, да заштити милиони луѓе од болести што можат да се избегнат, рече Баросо, според соопштението на Гави.

Ова јавно приватно партнерство е формирано во 2000 година за да се обезбеди пристап до вакцините во сиромашните земји. Сојузот ги обединува земјите со ниски примања и владите донатори, СЗО, УНИЦЕФ, Светска банка, производители на вакцини од разни земји, технички и истражувачки институти, цивилното општество, фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и други поединечни филантропи.

Од избувнувањето на пандемијата со ковид-19, организацијата со седиште во Женева има задача од СЗО да го координира системот на ООН за глобален пристап до вакцината „ковид-19“, наречен „Ковакс“.

Поранешниот португалски премиер ќе ја наследи Нигеријката Нгози Окоњо-Ивеала, која сега е кандидат за директор на Светската трговска организација (СТО) и нејзиниот мандат во претседателството на Гави завршува на крајот на декември.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×