Некои амбасадори се надеваа дека побрзо ќе умрам. Вучиќ изнесе шокантни детали за негово рушење. Тие знаат се за моите срцеви проблеми



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Поранешниот заштитник на граѓаните и опозициски кандидат за претседател на Србија, Саша Јанковиќ призна дека странски амбасади и западните моќници му давале предлог да се доближи до Вучиќ, а потоа да се обиде да го сруши.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше изјавата на Јанковиќ:

Внимателно ја слушав изјавата на господинот Јанковиќ, и да бидам искрен за мене нема некои големи изненадувања, но jas сум му благодарен што тоа го кажа јавно и сигурен сум дека не лажеше. Јас не сакам да глумам голем јунак и жртва. Ќе укажам само на една природна и нормална работа, која повеќе пати ја имам кажано – важно е дека господинот Јанковиќ кажа дека тоа биле амбасадори а не некои пониски службеници. Тоа е многу важен податок. Тоа се директни преставници на државите, а мислам и дека знам кои се.
Јанковиќ изјави дека добивал предлози да се доближи до Вучиќ, како би можел да го сруши одвнатре и во погоден момент кога ќе му откаже срцето на Вучиќ тој да дојде на неговото место.

Не им имам излезено се уште од видното поле вели Вучиќ и додава:
Тие се пристојни луѓе кои сакаат добро за својата земија, а помалку добро за нашата земија. Не мислам дека тие сакале да ме убијат, само некои им го доставил мојот кардиоваскуларен картон. Некој се надевал дека малку побргу ќе умрам. Смрта е природно прашање, прашање е дали година порано или покасно, важно е само што ќе оставите зад себе. А точно знам после кое мое заминување во болница тие можеле да дојдат до тие документи, рече тој.

Изјавата на Јанковиќ е многу, многу важна за историјата на нашиот северен сосед. ,,Својата политика нема да ја променам” додаде Вучиќ.
Вучиќ беше прашан дали постои ,,тројански коњ”, на што тој одговори:
Тоа е природно кога се обидуваат вас да ве срушат. Имате луѓе во СНС за кои има само позитивни објави во медиумите. Како тие успеваат во тоа јас не знам, ама дали мислите дека луѓето ќе гласат за нив? Нема, секако, поради тоа што луѓето гласаат за програма а не за објави и трикови, изјави Вучиќ.

Навигација на напис