Невиден луксуз кој јавноста може да го види за прв пат (фото)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Семејството Живојиновиќ многу сакаат да патуваат бидејќи на тој начин, како што еднаш рече Брена, ја освежуваат креативноста на умот. Обично посетуваат модерни дестинации, а бидејќи поседуваат луксузен брод, треба само да изберат каде ќе патуваат. До сега јавноста немаше можност да ѕирне внатре во нивната скапа јахта, а неодамна нивна гостинка беше пријателката на Брена, Мирјана Антоновиќ, па таа ги објави и најситните детали од овој брод.

Внатрешноста е беспрекорно украсена, а она што е непроценливо е погледот кон морето што се протега по целата должина на бродот. За престојот да биде што е можно попријатен, доминираат топлите бои, а просторот не е оптоварен со непотребни детали. Мирјана дури откри како изгледа една од спалните соби, која има сопствена бања.

Живојиновиќ ги има најубавите спомени за јахтата бидејќи на неа во лето се собираат сите членови на семејството. Таму честопати организираат бројни прослави, а посебна атмосфера е кога им се придружува две и пол годишниот Александар, синот на Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ.

Јахтата на Лепа Брена и Бобо Живојиновиќ вреди над шест милиони евра.

Навигација на напис

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×