На 14 мај Грција се отвора за туристи, но со посебни здравствени протоколи – Фокус


Од 14 мај, под слоганот„Сè што сакате е Грција“ оваа земја планира да ја отвори туристичката сезона објави министерoт за туризам Харис Теохарис, на прес-конференција што се одржа во рамките на меѓународната туристичка изложба ИТБ Берлин, пренесуваат грчките медиуми.

За време на неговото излагање, Теохарис поајсни дека со одлуката на грчата влада за влез во оваа земја потребно е да се почитуваат три основни здравствени протоколи и тоа посетителите да бидат вакцинирани или пак да имаат имунитет по прележан ковид ( документ за антитела) , а доколу не се исполнети претходните два услови може да се патува и со негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа.

Според информацијата, оние кои се вакцинирани нема да имаат обврска да прават брз тест при влез во земјата, а останатите кои пристигнуваат и покрај другите исполнети услови сепак како и во минатата година ќе треба да направат брз тест и во случај да е позитивен ќе бидат сместени во задолжителен карантин за чиј трошок ќе се погрижи државата.

Покрај тоа, како што рече министерот, сите туристи можат да бидат подложени на случајни тестови, на ист начин како и минатата година.

Грчкиот министер за туризам посочи дека оваа земја гарантира дека секој турист што ќе ја избере Грција во 2021 ќе биде целосно безбеден .

ИЗВОР. ФОКУС

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×