Мицкоски за Алфа: Граѓаните имаат право да изберат дали ќе се попишат



ИЗВОР: АЛФА

Граѓаните имаат право да одлучат дали ќе им отворат врата на попишувачите или ќе апстинираат од пописот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во разговор за Aлфа. Според Mицкоски откако законот за пописќе излезе во службен весник партијата ќе започне со собирање на 10 000 потписи за негово поништување. Први ќе се потпишат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а лидерот на опозицијата ги повика да се потпишат сите граѓани кои сметаат дека оваа операција ќе биде политичка, а не статистичка.

Мицкоски се осврна и на ситуацијата со корона вирусот состојбата во регионот и ситуацијата во македонија со најавената донација на вакцини од Србија. За разлика од другите европски земји каде граѓаните можат да изберат дали сакаат да се вакцинираат, македонските граѓани ја немаат таа можност. “Ние немаме ниту план за тоа како треба да се истретираат вакцините кои треба да ни ги донира Србија”, вели Мицкоски.

Тој говореше и за заклучоците од средбите со Виктор Орбан, Јанез Јанша и Андреј Пленковиќ и истакна дека не е само Бугарија пречка за нашиот евроинтеграциски пат.

Во продолжение разговорот со Мицкоски