Матурантите со бојкот на наставата бараат помалку предмети во државната матура,подготвени се и за протести



ИЗВОР: АЛФА

Второто полугодие матурантите од државава го започнаа со бојкот.Причината е неисполнувањето на нивното барање, наместо  четири, да полагаат два предмети од државнта матура-мајчин јазик и втор предмет кој ќе биде од областа која матуранот планира да ја студира.Засега нема расположение  кај надлежните за взаемно решение, велат во Сојузот на средношколци,а доколку ова не се промени, најавуваат и протести.

Средношколците повторно бараат и да се изнајде начин, учениците полека да се враќаат во училишните клупи.Онлајн наставата, според нив, не е ниту успешна, ниту квалитетна,како што тврдат надлежните.

Ставот на Министерството за образование е дека државната матура ќе се полага според досегашниот концеп, кој не можел така брзо да се менува.Измени најавија дури за следната учебна година.Средношколците сепак, се децидни,дека не се откажуваат додека не им се прифати барањето.

Милена Вучевска