Лукашенко наредил принудно слетување на авион со опозициски активист


Белоруските власти денеска наредија авионот на Рајанер кој сообраќал од Грција до Летонија принудно да слета во Минск. По слетувањето на авионот уапсен е еден од главните блогери и активисти на опозицијата.

Тоа е Роман Проташевич, по кого трагаа белоруските власти поради неговото учество во минатогодишните масовни протести што избија по изборната победа на претседателот Александар Лукашенко.

Проташевич е еден од основачите на опозициските вести НЕКСТА, канал што стана еден од главните извори на вести за демонстрациите во Белорусија.

Авионот на релација Атина – Вилнус се наоѓал во воздушниот простор на Белорусија и скоро стигнал до Литванија кога пилотот бил принуден да го смени правецот.

Белоруските власти побарале авионот принудно да слета со образложение дека содржи експлозив, но ништо не е пронајдено во леталото.

Според белоруската државната новинска агенција БеИТА, претседателот Лукашенко лично наредил авионот на Рајнер да биде придружуван од воен авион.

ИЗВОР. ФОКУС

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×