Костадинов: Со мерката од 14 500 денари по вработен за три месеци поддржани се околу 120.000 вработени


Благодарение на навремената реакција, во нашата држава се спасени стотици илјади работни места и помогнати се десетици илјади компании.

Фактите потврдуваат.

Само преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, во месеците април, мај и јуни со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени лица и околу 20.000 компании.

Ова, почитувани, не се само обични бројки, ова не е само обична статистика. Ова се реални работни места во нашата економија.

Покрај компаниите, финансиска поддршка добија и самостојните вршители на дејности. За месеците април, мај и јуни беа поддржани близу 6.000 вршители на самостојни дејности а вкупната поддршка изнесува над четири милиони евра.

Почитувани граѓани,

Во тек се подготовките на четвртиот пакет антикризни мерки кој наскоро ќе биде презентиран и кој ќе донесе уште поголема поддршка на работниците и компаниите.

Продолжуваме уште повеќе и уште подобро, за нашите граѓани, за нашата економија.

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник





ИЗВОР: КАНАЛ 5

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×