КОРОНАТА НЕ СЕ СМИРУВА ВО ГРЦИЈА: Во последните 24 часа се разболеле 3.209 а починаа дури 60 лица!



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Во Грција, во последните 24 часа, се регистрирани 3.209 нови случаи на коронавирус, а дури 60 пациенти починале.

Точно 480 пациенти, со просечна возраст од 65 години, се на механичка вентилација.

Од почетокот на пандемијата, повеќе од 82.000 луѓе биле заразени, а 1.288 починале.

Вториот карантин е во сила во Грција од 7 до 30 ноември, а грчкиот портпарол Стелиос Пекас денес објави дека Владата ќе претстави план за постепено укинување на ограничувањата следната недела.