Карлеуша го растури синот на Цеца и Аркан



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Објавата на Вељко Ражнатовиќ за покојниот Ѓорѓе Балашевиќ наиде на бројни негативни коментари, а на неговата објава не остана рамнодушна Јелена Карлеуша, која енергично реагираше на сторито за младиот боксер и син на Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Ражнатовиќ претходно објави снимка од концертот што Балашевиќ го одржа во Загреб, каде што и се обрати на публиката со овие зборови: Јас обично пеам на мојот мајчин хрватски јазик, но има еден проблем, зборувам расипана верзија на хрватскиот јазик, односно на таканаречен српски јазик, рече тогаш Балашевиќ, на што реагираше синот на Цеца и Аркан:

Ние Србите, според старата проклета навика, сами врз себе уринираме! Затоа нас не не почитуваат, затоа ние секогаш сме виновни и се извинувам ама не онади кој како ќе стигне, напиша Вељко Ражнатовиќ и додаде:

Кој ти го навредува народот, не заслужува никаков помен и никакво сеќавање. Кој Хрват би го поддржале да оди во Србија и да каже тоа што го кажа покојниот кантавтор господинот Балашевиќ? И, вие запрашајте се дали сте нормални и колку лица имате?

Карлеуша го осуди неговиот став, пишувајќи остра порака:

Ѓорѓе Балашевиќ е голем српски син, голем југословенски син! Лик кој интелегентно и духовито им го тресеше кафезот на сите малограѓани и таканаречени патриоти од овие простори. Беше сакан и ценет од Вардар до Триглав.

Вељко Ражнатовиќ е син на воен злосторник и криминалец, човек кој е црна дамка во српската историја и срамота за овој народ. Не дозволувам името на Ѓорѓе Балашевиќ да се сквернави вака! Не дозволувам.